Фото и рецепт: Верица Трајкоска
Потребни состојки:
10 кг црвени домати
25 црвени пиперки
7 главици кромид
2 главици лук
Зачини:
250 мл масло
125 мл винска киселина
250 г шеќер
сол по вкус
1 пакетче црн пипер во зрно
5 лажици сенф
Постапка:
Сите состојки се дробат крупно и се ставаат на оган да се варат. Кога ќе бидат готови (сварени) се вади тенџерете од оган и се остава малку да подизлади, па состојките се цедат низ преса.
Кечап за зимница (Фото и рецепт: Верица Трајкоска)
Добиената течност се враќа повторно на оган и се додават зачините: 250 мл масло, 125 мл винска киселина, 250 г шеќер, сол по вкус, 1 пакетче црн пипер во зрно, 5 лажици сенф.
Се меша повремено се додека да ја добие потребната густина. Жежок кечапот се складира во зешки шишенца (јас користам мали шишенца од фруктал сок), ги затворам и ги враќам во загреана рерна да се пастеризираат.
Кечап за зимница (Фото и рецепт: Верица Трајкоска)
Кечап за зимница (Фото и рецепт: Верица Трајкоска)