Таткото на дечкото на Северина наводно ги глуми своите симпатии кон Северина.
Како што пишува „Informer“, Кеба во момент на бес призна дека сепак не ја поддржува врската на својот син Игор со 15 години постарата пејачка.
За време на шоуто „Гранд ѕвезди“ една телевизиска екипа на Кеба му го поставила прашање поврзано со Северина, а неговата реакција била прилично бурна.
„Ме боли ку* за Северина и таа тема, што имав да кажам кажав“, дрско изјавил пејачот.
Наводно го глумел задоволството од нивната врска, но на крај сепак пукна.
Медиумите наведуваат дека стариот Кеба сепак ќе мора да се помири со состојбата на работите, бидејќи неговата сопруга Оља ги поддржува Игор и Северина.