„Ќе умрам на Марс, ама прво ќе родам Марсовец“

Британката Меги Лиу (24) е една од финалните 100 кандидати за патување на Марс во 2024-тата. Таа и официјално влезе во потесна конкуренција за 24-те места за учество во Mars One мисијата, од над 200.000 кандидати. Уште од самиот почеток, мисијата е најавена како „пат во еден правец“. Не е планиран брод што ќе ги врати астронаутите, па секој што ќе замине ќе умре на Црвената планета, како дел од колонијата која претходно ќе биде изградена од роботи.

Лиу вели дека има огромна поддршка и дека мајка и е „среќна и горда“ за нејзиниот успех, и покрај „познатите ризици“. Таа исто така е спремна и го роди првиот Марсовец. Можеби решила да умре на друга планета, ама Лиу постојано прима пораки полни со восхит и бодрење, како од најблиските, така и од сосема непознати поддржувачи.

Лиу отсекогаш сакала да биде астронаут, а исполнувањето на нејзината не баш скромна желба е момент на инспирација за многумина, од сите делови на планетата. „На почеток, мајка ми беше скептична, ама почна да се соочува со реалноста. Јас сум нејзината единствена ќерка и имаме навистина блиска врска, но таа е многу горда и среќна што конечно ми се остварува сонот“.

maggielieu

Кога станува збор за бебиња родени на Марс, Лиу објаснува:

„Воопшто не ми пречи да родам бебе на Марс. Мислам дека ќе биде многу возбудливо да бидам мајка на првото бебе родено таму. Никој нема истражено како би се одвивало раѓањето во ниска гравитација, па постои ризик. Но, за да се востанови колонија на Марс, репродукцијата е неизбежна и од суштествена важност. Љубопитна сум да видам каков учинок ќе има тоа врз нашето знаење за бременоста во вселената“.

Mars One се надева дека ќе успее да ја финансира мисијата преку реално шоу. Според планот, на секои две години, по два нови астронаута би биле испраќани да се приклучат на колонијата.

Процесот на селекција продолжува. Лиу, како и останатите 99 избраници ги чекаат 10 години на обука и тренинг.

„Не чекаат 10 години тренинг. Групен тренинг за да се уверат дека сме способни да работиме во тим и дека ќе се сложуваме со луѓето со кои ќе го поминеме остатокот од животот. Технички тренинг за да ги усовршиме сите вештини кои ни требаат за да преживееме на Марс – медицина, стоматологија, поправки, агрикултура… И конечно, персонален тренинг, за да се уверат дека можеме да го издржиме притисокот од изолацијата, дека можеме да се справиме со 22-минутното доцнење на комуникацијата и дека сме во совршена топ форма, и ментално, и физички“, објаснува Лиу. „Со нетрпение ја чекам оваа нова фаза и запознавањето со сите мои истомисленици. Мислам дека секој од нив ќе придонесе со нешто исклучително за мисијата“.

- Реклама -