Признале или не, ова е протест што многумина го поддржуваат.
Околу 500 демонстранти ќе се соберат во петок во Вестминстер, Велика Британија, и ќе симулираат „фејс-ситинг“ во знак на протест против новите британски закони за цензура на одредени категории на порнографија.
Со Audiovisual Media Services Regulations 2014 забрани дел од поекстремните категории, како spanking, female ejaculation и humiliation, со образложените дека можат да бидат опасни и да ја охрабрат публиката да ги прави дома.
Но Британците се решени да приредат #PornProtest – протест кој ќе вклучува многу симулиран секс и секс-шоу наречено „Sex Factor“, при што демонстрантите ќе се обидат да го срушат светскиот рекорд во „face-sitting“ (зарем постои?).
„Овие закони не само што се сексистички туку и се и одземање на изборот на луѓето, без нивна согласност“, вели Шарлот Роуз („Sex Worker of the Year 2013“ и политички активист) за London24.„Личните слободи се она за што ќе се бориме во петок, слободи кои никој нема право да ги одземе од некој друг“. Иако таа признава дека протестот звучи малку несериозно, не пропушта да потсети дека новите регулации се напад на граѓанската слобода и дека сите се засегнати од нив.
Мајлс Џекмен, прочуен адвокат во „безобразните“ кругови, смета дека „порнографијата е канаринец во рудникот на слобода на говорот: таа ќе биде првото право што ќе умре. Ако овој напад на слободата помине без отпор, и други права ќе бидат ограничени како последица“.