Скопје ќе добие нови имиња на улиците, булеварите, мостовите и плоштадите, а тие имиња ќе можат да ги предложуваат токму граѓаните, почнувајќи од утре, преку анкета, соопшти скопскиот градоначалник Петре Шилегов на одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, пренесува „САКАМДАКАЖАМ.мк“.
Шилегов посочи дека Скопје по земјотресот од ’63-та е изграден врз темелите на светската хуманост и солидарност, но дека претходната власт многу од тие спомени избришала. Оттаму, тој ќе побара граѓаните да предложат имиња со кои ќе се негуваат спомените на денот кога Скопје беше повторно изграден.
„Лани на овој ден ги вративме буквите од Тито на старата железничка станица. Пред неколку месеци катните гаражи под надлежност на Градот добија ниви имиња ’26 јули‘ и ’Беко‘. Сега тоа ќе го направиме и на други објекти, улици и плоштади“, рече Шилегов.