Ќе се дигитализира Ватиканската библиотека!

Ватиканската библиотека започна со дигитализација на вредните колекции од древни ракописи кои потекнуваат уште од времето на почетокот на Католичката Црква, а за првата фаза од остварување на оваа замисла, ќе и бидат потребни 4 години и околу 20 милиони долари, а остварувач на проектот ќе биде Јапонската компанија NTT Data Technology.

За колку голема работа станува збор, јасно покажува фактот дека треба да се дигитализираат околу 3 000 документи напишани на рака кои содржат дури 82 000 ракописи на околу 40 милиони страници. А тоа е само дел од првата фаза, во следните неколку фази се очекува и префрлање на се она што може да се најде во библиотеката која постои од 15-от век. Се тоа вкупно би требало да трае околу 9 години.

Помеѓу ракописите ќе се најдат и значајните дела од областа на математиката, правото, медицината, античката книжевност и средновековните ренесансни ракописи.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -