Ќе одгледуваме ќелави кокошки за да го преживееме глобалното затоплување

За неколку декади, глобалното затоплување ќе ги направи летата потопли, подолги и уште понеподносливи. А кокошките? Што ќе се случи со нив? Можеме ли да им помогнеме? Едноставно е, кокошките ќе ги направиме ќелави.

За да можат да преживеат, кокошките ќе мора да се простат со пердувите на нивните вратови и глави. Но, како може да се направи една кокошка да ги изгуби своите пердуви? Генетичарот Карл Шмит од Универзитетот во Делавер е во детална потрага по ДНК основата на голите вратови. Потрагата го натерала да оди дури до Уганда и Бразил, каде птиците природно еволуирале да се раѓаат без/со помалку пердуви за да останат „ладни“. Патем, Шмит каталогизира и други видови гени, се што би можело да е од помош при креирањето на поцврсти и поотпорни на топлина птици.

„Мојата главна грижа е прехраната на 9-те билиони луѓе во 2050-тата. Тоа ќе биде предизвик. А ќе биде и полошо ако климата продолжи да се менува“, вели Шмит.

Според неговиот план, модифицирањето на кокошките ќе се одвива само преку селективно размножување, а не и преку генетски модификации (веројатно заради силниот отпор на опозицијата на ГМ животните).

Во меѓувреме, сами пресудете колку вкусно изгледа ова:

bald_chicken[1]

 

- Реклама -