Ќе нé обожавате заради кратенкава

reopen-closed-tabs_1[1]

Си отворил милион табови по Хром или Мозила и по грешка го затвараш тој што најмногу ти треба… Познато така? Па после мораш во „хистори“, па барај, па чуда…

Е па, само што откривме најдобар можен киборд шорткат за таа намена:

CTRL + SHIFT + T

Да да, знаеме дека вие нердовите ја знаете – ова е за обичниот народ по интернетов. Командата го ре-отвара последниот затворен таб, а памти до 10 таба во Хром (за Мозила не сме сигурни). Еве пробајте, затворете го овој, па стиснете Ctrl+Shift+t.

. . .

Добредојдовте назад. Друго баш немаме што да ви кажеме освен „Нема на што“.

- Реклама -