Ќе им ги поништи ли ревизијата бугарските пасоши на Македонците?

Ревизијата што ќе се врши по барање на бугарскиот премиер Бојко Борисов ги исплаши Македонците дека може да ги изгубат своите бугарски пасоши.

Вкупно над 40.000 издадени бугарски пасоши, од кои најмногу се на Македонци, ќе се најдат под лупа на бугарското МНР и Државната агенција за национална безбедност. Ќе се чешлаат сите патни исправи издадени на странски државјани во последниве пет години.

 

Треба ли да стравуваат Македонците со бугарски пасоши? 

Според првиот човек на Бугарскиот културен клуб во Македонија – Лазар Младенов, бугарските пасоши на Македонците нема да им бидат одземени, бидејќи, тврди, над 99% од македонските граѓани ги добиле по легален пат. Меѓутоа, доколку патните исправи биле стекнати со малверзации и заобиколување на стандардните законски процедури, ќе следува одземање на документот, смета Младенов, пренесува Канал 5.

 

- Реклама -