Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ лидер, независен од Груевски?!

Централниот комитет има околу 130 члена и во него се претставници на општински комитети, извршниот одбор, раководството и други партиски тела. Статутот на партијата предвидува одлуката за одржување на вонреден конгрес да се донесе со половина од вкупниот број на членови. За професорот и аналитичар Ненад Новковски кој е и еден од најстарите членови на ВМРО-ДПМНЕ, комитетот ќе се состане во формална смисла и ќе ја донесе оваа одлука, но таа ќе биде во интерес само на старото раководство. Според него членовите на Ивршниот и централниот комитет треба да си дадат оставки заедно со Груевски.

„Промени може да има доколку старото раковдство се повлече од партијата.Во една демократска држава тоа е сосема нормлано.Ние постарите членови , можеме да поверуваме во намерата само доколку сите членовина ИК си поднесат оставки заедно со претседателот на партијата. Тогаш ќе бидеме сигурни дека никој од овие лица, нема да биде на чело на партијата“, за Макфакс изјави Новковски.

Според аналитичарот Кекеновски, вистинска промена во партијата би се случила доколку се изберат нови органи на партијата, кои би имале доволно време да организираат  демкоратски избор на нов лидер.

„За да се избере нов лидер, потребна е цела една постапка со нови тела и нови органи, со распишување транспарентен оглас за пријавување на кандидати.Таа постапка не треба да се одвива набрзина како што сега тоа сакада го направи Груевски и неговата дружина“, изјави Кекеновски.

Неколку месеци наназад смена, односно демкратски избор на највисоките тела на партијата бараат и иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ  Рефроматорите воедно бараа промена на статутот на партијата,  оствака од Груевски и формирање на управувачки комитет како времено тело со рок до кога би се спровеле внатрепартиски реформи. По ова би требало да се одржи конгресот кој би бил демократски и прифатлив за најголемиот број членови.

Со слични ставови кои се приклучија на оваа иницијатива беа и истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ кои јавно повикаа на т.н процес на де-груевизација.

Подемокртска ВМРО-ДПМНЕ очекуваат и ветераните, кои покрај оставка побараа и распуштање на сегашниот состав на Извршниот и Централниот комитет.

Инаку, последниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, се одржа, во мај 2015 година во Куманово. Тогаш Груевски како премиер и претседател на партијата беше единствениот кандидат за претседателската позиција и го поддржаа, 538 од 560  присутни делегати.

За да биде веродостоен најавениот конгрес кон крајот на декември треба да присуствуваат најмалку 250 делегати.

 

ИЗВОР: Makfax

- Реклама -