Казнети и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје

Денес казнети се и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје (Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел) и Струга, објави Горан Трајковски, директор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

„Апелирам, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните!“, напиша Трајковски на Фејсбук, додавајќи дека нема да дозволи манипулации со граѓаните.

„Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата. Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите!“, порача тој.

- Реклама -