Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност на сообраќајот, вчера (16-јули) во периодот од 08.00 до 13.00 часот спроведена е акциска контрола на пешаците и нивното однесување во сообраќајот.
„При контролата биле откриени и санкционирани 20 пешаци (ТЕ-16 и ГВ-14). Најголемиот број од пешаците ги преминувале улиците надвор од обележани премини, а 4 пешаци не ја почитувале светлосната сообраќајна сигнализација. На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби од 40 и 50 евра, како и покани за присуство на таканаречени сообраќајни поуки. Во акцијата, исто така, санкционирани се и 4 (ТЕ-3 и ГВ-1) други видови на сообраќајни прекршоци.“, информира полицијата.
СВР Тетово го повторува апелот до пешаците да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците и како се движат по улици на кои нема обликувани тротоари, а возачите секогаш и секаде да им даваат предност, односно да ги пропуштаат пешаците, со што и едните и другите ќе придонесат за нивната и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.