Казнета и изненадена од одлуката, но нема да коментира – директорката на МНТ по казната за случајот „Швepцepи“

Директорката на Македонскиот народен театар, Симона Угриновска која е казнета со 15 отсто помала плата во наредните три месеци за случајот со дивеењето на навивачката група „Швepцepи“. Изјави дека е изненадена но дека нема да ја коментира одлуката.

-„Изненадена сум од одлуката, но нема да коментирам“, изјави Угриновска.

Владата вчера ја донесе оваа одлука во врска со настанот од 23 ноември, кога голем број навивачи од групата „Швepцepи“ буквално го „опседнаа“ МНТ, газеа и скокаа по столчиња и му нанесоа штета што беше проценета на 3.965 евра.Причината за казната, според Владата, е:

-„Директорката направила пропуст и дала согласност за отстапување на МНТ без писмен договор“.

Угриновска по немилиот настан појасни дека организатор на настанот бил пратеникот Артан Груби, од кого таа побарала детали за програмата за настанот, но не ги добила.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -