Општина Центар го казни кафулето „Интермецо“ со глоба од 6.000 евра. Причината е надминување на дозволеното ниво на бучава, информира општината, додавајќи дека „континуирано ја продолжува грижата за квалитетен живот на центарци“.
„По бројните поплаки од граѓаните кои живеат во близина на кафе-барот ‘Интермецо’ во Капиштец, кои се жалат на бучавата и гласната музика која се слуша од самиот локал, надлежни од Секторот за инспекциски работи, односно Инспекцијата за животна средина излегоа на терен и на кафе барот, поради гласна музика му изрекоа мандатна глоба во висина од 6000 евра во денарска противредност“, велат од Општина Центар.
Оттаму додаваат дека проблемот со гласната музика и бучавата од конкретниот локал се јавува веќе неколку години наназад и дека казната следува по низа претходно преземени мерки – како опомени, мерења на децибелажата и предупредувања.
„Општина Центар нема да дозволи некој, со своето неодговорно однесување да го вознемирува населението и затоа апелира до сите сопственици, менаџери и управи на локалите на територија на општината, да се придржуваат до правилата и законските одредби за бучава и да не ги надминуваат дозволените нивоа на бучава. Општина Центар укажува дека ќе продолжи со санкционирање на локалите кои нема да го почитуваат Законот“, порачуваат од Општината.
За гласната музика од „Интермецо“ имаше реакции и на социјалните мрежи: