Во вчерашното гостување во емисијата „Правда и неправда“ на 1ТВ, судијката Добрила Кацарска порача дека за сите пресуди се води исклучиво според доказите. Судијката, која пред неколку дена пресуди вкупно 211 затвор за обвинетите од 27 април, е уверена дека оваа, но и сите други нејзини донесени пресуди се правилни.
„Немав дилема и сè уште немам. Од сите изведени докази, а јавноста знае дека се изведоа многу докази, произлезе дека обвинетите го сториле токму тоа кривично дело“, вели таа.
Сепак, прашана за ослободителната пресуда на оперскиот пејач Игор Дурловски, Кацарска рече дека мора да нагласи дека тоа ѝ е најтешката ослободителна пресуда што ја донела во кариерата:
„Ги имаме сите докази, но од овие докази не произлезе дека обвинетиот го сторил делото за кое беше обвинет. Предметот се однесува само на настаните од 27 април, а не и претходно. За Игор Дурловски имаме само доказ дека влегол во Собранието, се наоѓа во пленарната сала, и ја пее химната. Точно е дека се поздравува со дел од присутните, но не остави простор макар за минимален сомнеж дека има контакти и е поврзан со останатите учесници во постапката“, вели Кацарска, додавајќи дека да имало барем уште некој доказ, пресудата немало да биде ослободителна.
Целото интервју со Кацарска можете да го погледнете ТУКА (делот за Дурловски е на 6:13 во видеото).