Кацарска: Јанева за мене е невина се до моментот додека не заврши со правосилна пресуда тој предмет

Судијката Добрила Кацарска  синоќа во интервју за „360 Степени“ зборуваше за случајот „Рекет“ и однесувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева . Таа во интервјуто нагласи дека првично кога слушнала била згpoзeнa од постапката, но според неа Јанева е невина додека не заврши правосината пресуда на тој предмет.

„Како и секој граѓанин на Република Северна Македонија, бев згpoзeнa од тоа што го слушнав. Верував во неа, верував во институцијата, сакам правда во нашата држава, правда подеднаква за сите граѓани. Јас не велам дека Катица Јанева го направила делото. Секој е невин додека не биде осуден со правосилна пресуда, но самиот факт дека се барале пари, дека се дадени пари предизвика кај мене чувство на згрозување, а не велам дека Катица Јанева ги побарала парите. Во никој случај. Не велам дека таа го направила тоа дело, за мене е невина се до моментот додека не заврши со правосилна пресуда тој предмет“,рече Кацарска.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -