Касперски: Bitcoin e проект на американските тајни служби

Наталија Касперски, коосновач на Kaspersky Lab (компанијата зад познатиот антивирус), тврди дека Bitcoin е дизајниран за да обезбеди финансирање на активностите на американските и британските тајни и разузнавачки служби ширум светот. Таа криптовалутата  ја нарече „втор долар“, поточно „dollar 2.0“.

Криптовалутата Bitcoin е развиена од „американските разузнавачки служби“, рече Наталија Касперски – која воедно е и извршен директор на InfoWatch (група од компании специјализирани за сајбер безбедност и безбедносни системи) на презентацијата во универзитетот ITMO во Санкт Петербург, каде што зборуваше на теми како информациски војни и дигитален суверенитет.

„Bitcoin e проект дизајниран да обезбеди брзо фундирање за американските, британските и канадските разузнавачки активности во разни земји. Технологијата е ‘приватизирана’, исто како и Интернет, GPS, и TOR. Всушност, Bitcoin е долар 2.0. Неговата вредност е контролирана од сопствениците на размените“, стоеше на еден од слајдовите за време на презентацијата.

Касперски исто така тврди и дека Сатоши Накамото (псевдонимот користен од основачот/ите на Bitcoin) е всушност име на група американски криптографи.

Касперски ги спомна и смартфоните. Рече дека не можат и не треба да се сметаат за лични/приватни гаџети.

„Смартфон е далечински контролирана направа дизајнирана за забава, работа, а во исто време и шпиунирање на сопственикот“, рече Наталија.

Sputnik

- Реклама -