Home Астал Касами: Повеќе е можно уставни измени да се случат со ВМРО-ДПМНЕ во влада отколку со ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

Касами: Повеќе е можно уставни измени да се случат со ВМРО-ДПМНЕ во влада отколку со ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

0
Касами: Повеќе е можно уставни измени да се случат со ВМРО-ДПМНЕ во влада отколку со ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

„И да пружи отпор ВМРО-ДПМНЕ, нашиот услов, предуслов, викајте го како сакате, ќе биде да се случат уставните промени. Нема влада без уставни измени“, вели Касами

Лидерот на партијата Беса, Билал Касами, кој е дел од коалицијата на опозициските партии на Албанците, „Вреди“, вчера во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 рече дека повеќе е можно уставните измени да се случат доколку ВМРО-ДПМНЕ е дел од власта отколку да е надвор од владиниот состав.

Касами додаде дека услов за „Вреди“ да биде дел од Владата се уставните измени.

„И да пружи отпор ВМРО-ДПМНЕ, нашиот услов, предуслов, викајте го како сакате, ќе биде да се случат уставните промени. Нема влада без уставни измени. Затоа велам дека сум повеќе од сигурен, и ова не го велам дали Беса и ’Вреди’ ќе бидат во владата или не, затоа што велам дека многу повеќе е можно да се случат уставни измени со ВМРО-ДПМНЕ во власта отколку со ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. ВМРО-ДПМНЕ во најлоша верзија ќе добие 40 пратеници“,

рече Касами.

Пред неколку дена претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати официјална порака до опозициските парти на Албанците за коалицирање, но досега нема официјален одговор од челниците на „Вреди“.

Минатата недела Изет Меџити од коалицијата „Вреди“ рече дека сега се фокусирани на претседателската кампања, додека пак за парламентарните избори, на кои тврди дека ќе бидат апсолутни победници во албанскиот политичкиот табор, вели дека разговорите со македонските партии ќе ги водат по нивното завршување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here