Роберт Вилкинсон е картограф и издавач на атласи од Англија и живеел од 1768 до 1825 година.
Најголем број од неговите карти биле издадени од издавачот Џон Боулс. Откако Боулс починал, неговата библиотека со мапи ја стекнал токму Роберт. Тој веднаш започнал со ажурирање на плочите до 1794 и тогаш го издал „Универзалниот атлас на светот“.
Уште еден атлас кој Робер го издал „Atlas Classica“ е од голема важност за нас и нашата држава, затоа што преку тие карти се гледа вистинскиот идентет на Македонија, како и важноста и влијанието што го имала нашата држава во тој период.
Бидејќи овој атлас е издаден многу одамна, неговите авторски права се истечени и е јавно достапен за секој кој сака да го види.
КЛИКНЕТЕ ОВДЕ доколку сакате да го разгледате атласот.
Македонија е засегната од првиот и третиот дел. Првиот дел од атласот е наречен „Света географија“ и се состои од сет на карти наменети да ја објаснат „Светата историја“ односно патот на Апостолите, кралевите, пророците и сите земји се точно потенцирани. Податоците за да се изготви картата се земени од Стариот и Новиот завет на светото писмо. Територијата на Македонија е многу прецизно означена на картата.