Вечерва, четврток (18.08.2016 година), со почеток од 20.30 часот, пред платото на Т.Ц. Скопје Сити Мол, официјално ќе започне културното освежување за карпошани, „Културно лето Карпош 2016“. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе се обрати пред присутните и ќе го означи отворањето на културниот бренд на локалната самоуправа. Оваа вечер, голем солистички концерт ќе има поп дивата Елена Ристеска, а гости на првата вечер од Карпошовото културно лето, ќе бидат малите ѕвездички Мартија Станојковиќ и Антониа Гиговска, како и пејачката Бубе Најдановска.