КАРПОШ МУ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ

DSC_7321

По повод одбележувањето на дванаесет годишнината од смртта на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, денеска, делегација од Општина Карпош му оддаде почит пред споменикот кој се наоѓа на платото на спорскиот центар „Борис Трајковски“. Сеќавањето за прерано згаснатиот живот на претседателот, беше одбележано со положување свежо цвеќе пред спомен бистата, а присутни беа и претставници од Агенцијата за млади и спорт, претседателот на Сојузот на спорт во Македонија како и претставници од спортско радио.

DSC_7318

- Реклама -