Каролина ќе заблеска на новогодишната ноќ во Битола

Новогодишната прохрама во Битола,  ќе стартува уште рано дента на 31 декември и ќе трае доцна вечерта.

На вечерната програма која што ќе стартува во 20:00 часот ќе настапуваат  Х – бенд, Паркети, Памперси, хумористично сатиричен блок, стенд ап комедија, настап на групата Мадригали и Боеми и главната ѕвезда на вечерта Каролина Гочева.

Детскиот блок ќе започне во 11.00 часот и ќе трае до 19.50, а децата ќе имаат можност да другаруваат со: Детскиот фестивал „Тра ла ла“, музички блок и новогодишна креативна работилница-изработка на детски украси и играчки-штанд- ЗГ„Граѓанска асоцијација“, „Највисока елка во оригами техника“ , Музичко сценски детски спектакл, „Собирач на желби“-Детски театар Бабец, Детски забавно музички блок „Новогодишна детска дружба“, Детска театарска претстава „Новогодишна магична потера по Дедо мраз“- ЗГ„Грин Лист, Музичко сценски детски спектакл „ Собирач на желби“-Детски театар Бабец.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство
- Реклама -