Ве заведуваат ли имињата на кармините?

Козметичките производи некогаш имаат луди имиња, но токму насловите се често пресудни во изборот на карминот, а не саканата нијанса.

Иако најголемиот број жени сметаат дека одлуката за купување кармин ја носат само според нијансата на моделот, новите истражувања покажуваат дека токму имињата сугерираат во одлуките повеќе отколку што сме свесни.

Во истражувањето насловено Truly Toffee and Raisin Hell: A Textual Analysis of Lipstick Names, професорката Дебра Мерскин категоризирала имиња на 1.722 кармини за усни од 52 производители. Таа заклучила дека жените најчесто бираат кармини во чии имиња се содржат зборови поврзани со храна или со секс.

Овој тренд се потврдува и со големиот успех на кармините Black Honey на Clinique, Orgasm на NARS и Upper Class на Virgin Atlantica, пишува The Huffington Post.

- Реклама -