Петнаесет години подоцна Кармен Електра изгледа совршено во познатиот црвен костим за капење од популарната серија „Baywatch“.
40-годишната актерка и пејачка позираше во славниот костим за најновото издание на магазинот „In Touch weekly“.
Кармен се изненадила кога го облекла костимот: „Кога го облеков се чувствував прекрасно. Беше милион пати подобро од тоа штого замислував“. Таа додала дека се чувствува подобро од времето кога имала 25 години.
Актерката ја одржува својата секси фигура со консумирање протеини и зеленчук како и со танцување.