Карли Клос новиот ангел во „Victoria’s Secret“

Дваесетгодишната манекенка Карли Клос го заслужи своето место во „Victoria’s Secret“. Таа веќе две години учествува во ревиите на познатиот бренд, а сега доби и официјален статус на „ангел“.

Уште од 2011 година преубавата Клос шета по модните писти облечена во долниот веш од марката „Victoria’s Secret“ меѓутоа статусот на „ангел“ го доби дури оваа недела.

Victoria-Secret-Karlie-Kloss-717x1024

Тоа беше потврдено по ревијата во Лос Анџелес, на која Карли во друштво на Алесандра Амбросио и Кендис Свонепул ги претстави костимите за капење од најновата колекција.

KARLIE KLOSS at Victoria's Secret Fashion Show

Поранешната балерина од Чикаго се прослави благодарение на долгите нозе и кратката коса, кои ја издовојуваа од останатите. Карли се одлучи да се ишиша два дена непосредно пред големата ревија во декември. На крајот на пистата мораше да носи надградба, но јавно ја бранеше својата нова фризура со зборовите „Постојат разни жени и разни фризури. Може да изгледате секси и со кратка коса“.

imageproxy

- Реклама -