Се чини како да бедрата и се граница на Ким Кардашиан кога излегува во краток црн фустан и секси кожени чизми со високи потпетици.
Заводливата ѕвезда ги покажа своите облини кога заедно со нејзиното момче, хип-хоп ѕвездата Кање Вест беа во Кинески ресторан во Лос Анџелес.
Триесет и двегодишната Ким црниот сатенски фустан го искомбинира со црни кожени чизми на високи потпетици и црна плик-чанта со позлатени детали. Овој пат, Ким имаше помалку шминка на своето лице од вообичаено, се решила за природен изглед на очите и сосема малку сјај на усните. Кање беше во тон со неговата „Госпоѓица во црно“, но додал малку боја во комбинацијата со сини патики и елек.
Триесет и петгодишниот рапер, како и секогаш, во комбинацијата ги вметнал препознатливиот златен ланец и часовник.
Ова ќе биде првиот Божиќ што заљубените ќе го поминат заедно – Кање, наводно, ја прифатил поканата на Ким празниците да ги поминат со нејзиното семејство во Лос Анџелес.
Минатата недела Ким ги измами нејзините обожаватели објавувајќи на Твитер фотографии со шишки и променет стил.
Подоцна призна дека се работело само за модни додатоци. На нејзиниот блог објави дека шишките биле лажни, а фотографиите биле дел од подготовките за фотосесијата за Космо.
Таа исто така призна дека ќе се врати на природната боја на косата во претстојниот зимски период.