Каракачанов за бугарските пасоши

Каракачанов: Ја браневме каузата на етничките Бугари во Македонија, не земавме пари за државјанства
Бугарската партија ВМРО никогаш не зела пари за издавање на документи за бугарско државјанство. Ние секогаш ја браневме каузата етничките Бугари од Македонија, Молдавија и Украина да добијат државјанство со поедноставена постапка. Ова го кажал Красимир Каракачанов министер за одбрана и лидер на бугарската партија ВМРО, во емисијата „Ова утро” емитувана утрово на БТВНовините по обвинувањата на новинарот и политичар Велизар Енчев.

Енчев изјави дека по апсењата во Агенцијата за Бугари во странство политичка одговорност за случајот треба да понесе Каракачанов.

Според Енчев, Агенцијата за Бугарите во странство е под надзор на Валери Симеонов од партијата НФСБ, но од 2014 година па до сега за сите началници на Агенцијата гарантирал Красимир Каракачанов од ВМРО.

Велизар Енчев ги спомнал и извештаите кои биле испратени до институциите од страна на поранешната директорка на Агенцијата за Бугари во странство, Катја Матева.

Красимир Каракачанов призна дека предложил да биде уапсен и обвинет за корупција Петар Харалампиев, претседателот на Агенцијата за Бугарите во странство, но и дека тоа можеби би било грешка.

Целата статија ТУКА

МКД.МК

- Реклама -