Каракачанов: Бугарите и Македонците биле и сѐ уште се еден народ, не е далеку денот кога пак ќе бидеме заедно

„Деновиве дојдоа две изненадувања од Македонија. Првото е отворената позиција на професорот Денко Малевски, првиот министер за надворешни работи на Македонија, дека Бугарите и Македонците, сепак, во минатото биле еден народ… Позицијата на професорот Малевски е доброто изненадување. Лошото изненадување е новиот исцрпувачки обид на Никола Груевски да глуми историчар“, напиша на Фејсбук бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Во постот, тој ја пофали позицијата на Малески:

„Моите искрени честитки за ова ‘научно откритие’ на професорот! Јас, се разбира, сметам дека не само што сме биле, туку продолжуваме да бидеме еден народ – макар и нacила разделени. Не само тоа – верувам дека не е далеку денот кога повторно ќе бидеме заедно и таму каде што течело, пак ќе тече.

Во своето интервју, професорот Малевски го признава и бугарскиот идентитет на Гоце Делчев и на Крсте Мисирков. Јас би додал дека не само тие, туку и сите други национални преродбеници и револуционери од ВМРО се Бугари! Бугари кои зборувале и пишувале на бугарски јазик и кои ги дале своите животи за бугарштината во Македонија“.

Прочитајте и:  ОЛАФ започна истрага: „Ребрендирана“ руска нафта од Турција и Бугарија се увезува во ЕУ заобиколувајќи ги санкциите

Во продолжение на долгиот пост, Каракачанов ја критикува анализата на Груевски. Така, на пример, му пишува дека:

„Во ВМРО нема грчки вергини и шумадиски шајкачи. ВМРО е вистинската, автентичната, црвено-црната и најмногу – бугарската“.

По долгата контра-анализа, Каракачанов завршува:

„Груевски често се мачи да прави историски анализи, кои очигледно не му одат од рака. Не му одеше и политиката! Видовме како неславно, во еден багажник, заврши неговата политичка кариера. Се распаѓаат и гниjaт стиропорните градежни фасади на зградите во Скопје, кои тој ги измисли во текот на својот архитектонски период. Исто така неславно ќе заврши и неговиот обид да го укpaде името на ВМРО, со препишување и фалcификување на историјата и идеалите на Организацијата. Само што, неговото ДПМНЕ не е ВМРО. Од ВМРО српска и руска ‘свирка’ никогаш нема да стане! ВМРП била и секогаш ќе биде најбугарската кауза!“, пишува Каракачанов.

- Реклама -