Караџовски во име на КЗБ потпишал дека пратеници со ковид можат да дојдат во Собранието, вели Џафери

Претседателот на Собранието – Талат Џафери, останува на ставот дека со гласањето на двајцата пратеници со ковид со скафандер во Собранието, немало никакво прекршување на законите/мерките/протоколите.

Како што истакна тој во вечерашното гостување во „Само интервју“, на 18 април добил одговор, односно решение од Комисијата за заразни болести, потпишано од претседателот на комисијата – доктор Жарко Караџовски, дека и позитивни пратеници можат да дојдат на работа, доколку Собранието обезбеди услови.

Џафери останува на ставот и дека пратеник не може кривично да одговара за зборување и учество во Собранието, бидејќи, како што вели, тоа е уставна категорија. Поради тоа, смета спикерот, пратеник не може да биде попречен во своето работење, па дури и да е прогласена воена состојба.

„Тоа значи дека пратениците со ковид-19, доколку чувствуваат дека се во можност да дојдат, можат да дојдат со свое или со службено возило, а во Собранието се движат по посебна патека без контакт со никого. Доаѓаат во посебна просторија која потоа ќе се дезинфицира“, истакна Џафери.

Прочитајте и:  Мицкоски: Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот, ќе се покаже кои се пратениците

- Реклама -