Кант: Колку повеќе навики, толку помалку слобода

Имануел Кант (1724-1804) е германски филозоф, кој се вбројува меѓу највлијателните мислители во историјата на Западната филозофија.

Неговата мисла има силно влијание врз формирањето и развојот на најновите филозофски правци и традиции – феноменологијата, херменевтиката, егзистенциализмот, позитивизмот, постструктурализмот, аналитичката филозофија.

Во продолжение уживајте во неколку мисли од големиот Кант.

Имануел Кант
Имануел Кант

1. “Ако загине правдата, човечкиот живот нема да има повеќе никаква вредност.”

2. “Во бракот исти пар треба да формира нешто како единствена морална личност.”

3. “Сето она што го кажувам и пишувам, го мислам, но не пишувам и не зборувам сè што мислам.”

4. “Гениј – тоа е талент да се измисли она кое не може да се обучува или учи.”

5. “Дајте му на човекот сè што сака и тој во истиот момент ќе почувствува дека сето не е сè.”

spirited-away-parents-turned-into-pigs

6. “Доблеста е победа на волјата над природата.”

7. “Долгот е почитта на правото на другиот.”

8. “За мажот нема ништо понавредливо од тоа да го наречат будала, а за жената – дека е грда.”

9. “Законот, кој живее внатре во нас, се нарекува совест. Совеста сама по себе е доведување на нашите постапки во согласност со овој закон.”

10. “Идејата не е ништо друго освен поим за совршенство, кое сè уште не може да се најде во практиката.”

goldfish jumping out of the water

11. “Искреноста е суштински дел од природата. Таа е една од главните цели на воспитувањето.”

12. “Оној кој параноично се грижи да не си го изгуби животот, никогаш нема да му се радува.”

13. “Оној кој знае како да ги задоволи желбите е паметен; оној кој знае како да ги победи, е мудар.”

14. “Тој што се откажал од излишното, тој се спасил од сиромаштијата.”

15. “Колку повеќе навики, толку помалку слобода.”

636x460design_01

16. “Убавината во природата – тоа е најубавото нешто, а убавината во уметноста е прекрасна идеја за нештата.”

17. “Казните наметнати во излив на лутина, не ја постигнуваат својата цел.”

18. “Не е во ред постојано да се наградуваат децата. Тие стануваат себични и развиваат продажен начин на размислување.”

19. “Ние не можеме да го замислиме незнаењето поинаку, освен со помош на науката, исто како што слепец не може да ја замисли темнината, додека не прогледа.”

20. “Никогаш не може да има вистинско задоволство таму каде што задоволствата се претвораат во занает.

1097-7012-00583010_001

21. “Никогаш не се однесувајте кон човекот како кон средство, а секогаш како кон цел.”

22. “Моралноста нè учи на тоа како да станеме среќни, а на како да бидеме достојни за среќа.”

23. “Оставете нè да гледаме на нашиот живот како на детска игра во која ништо не е сериозно, освен искреноста.”

24. “Правото никогаш не треба да се прилагодува кон политиката, политиката сепак секогаш треба да се прилагодува на правото. Секоја политика треба да коленичи пред правото.”

25. “Слободата на перото е единствениот заштитник на народните права.”

0,,18184444_303,00

26. “Вештината е белег на талентот.”

27. “Тврдоглавоста сaмо поседува форма на карактер, но не и неговата суштина.”

28. “Дозволим им на жените е да владеат, дозволи им на мажите да царуваат, бидејќи владее страста, а управува умот.”

29. “Карактерот е способност да се дејствува според принципите.”

30. “Човек е слободен само тогаш кога не му се наметнува да се потчинува на никого освен на законот.”

31. “Човек кој сака да биде почитуван, е должен да ги почитува сите.”

32. “Среќата е идеал не на разумот, туку на имагинацијата.”

black-and-white-couple-hugging

33. “Луѓето би избегале еден од друг, ако би можеле да се видат еден со друг сосема искрени.

34. “Човекот и воопшто секое разумно суштество постои како цел само за себе.”

 

- Реклама -