Кањо Кристалес – најубавата река во светот

Кањо Кристалес, сметана за најубавата река во светот, се наоѓа во северниот дел на Колумбија, во близина на Ла Макарена. Широка е 20 метри и е долга 100 километри. Ја нарекуваат уште и “Реката на петте бои”. Се разликува од сите други реки во светот и е толку убава што само една посета ќе ви остави впечаток за целиот живот.

Фотографиите од Кањо Кристалес личат како да се обработени со Photoshop, но се разбира, тое не е случај. Нејзиниот феноменален и неповторлив колорит, со сите бои на виножитото, се должи на разнобојните мов и алги кои живеат на карпите на речното дно. Нијансирањето е во полн ефект за време на преодот помеѓу сувата и дождовната сезона, кога мовта и растенијата на дното цветаат.

Како тоа да не е доволно, сјајот на Кањо Кристалес е збогатен и со неколку спектакуларно живописни водопади. Реката се смета за природно наследство за народот на Ла Макарена и привлекува многу патници и туристи од целиот свет.

 

maxresdefault[1]

Cano-Cristales-Los-Ochos-1024x681[1]

cano cristales1  Cano-Cristales2 Caño-Cristales3 cano-cristales4 Cano-Cristales5

 

- Реклама -