Слушнете ја новата песна на Канје Вест

Популарниот музичар и режисер Канје Вест сними нова песна насловена New God Flow, на која работеше заедно со раперот Pusha T.

New God Flow неделава дебитираше на Интернет, а станува збор за нумера што е дел од неговата најавувана компилација, со која на 7 август тој ќе го претстави богатиот каталог со музички материјал од својата дискографска куќа Good Music.

Компилацијата ќе биде насловена Cruel Summer, a на неа ќе се најдат бројни музички имиња, меѓу кои и Mr Hudson, 2 Chainz, Kid Cudi, Big Sean, Pusha T и други, а комплентата листата со песни на овој носач на звук засега е непозната.

Во меѓувреме раперот Вест заврши и со снимањето на своето трето режисерско дело, филмот Cruel Summer, кој беше прикажан на годинешниот Кански филмски фестивал. Филмот трае половина час, а во него KId Cudi се вљубува во арапска принцеза.

Песната е достапна за слушање и симнување на неговиот официјален сајт kanyewest.com.

{youtube}GJcQ5j3q0S0{/youtube}

- Реклама -