Кание Вест сака ќерка му да се вика Норт

Кание Вест сака неговата ќерка да го добие името Норт. Ким не се согласува со оваа идеја.

Раперот Кание Вест се потрудил и направил листа на имиња кои му се допаѓаат, а мисли дека на неговата ќерка најмногу би ѝ одговарало името Норт затоа што звучи одлично со неговото презиме Вест. Но, неговата девојка Ким Кардашиан не е одушевена со предлогот, затоа што традиција во нејзиното семејство е имињата да почнуваат со буквата К.

„Кание работи на новиот албум, но попат смислува и имиња. Неговото его е огромно, сериозен е во сѐ што ќе науми“, рекол извор близок на двојката.

- Реклама -