Раперот се обидува да ја убеди главната уредничка на американското издание на овој магазин, но таа не може да ја смисли старлетата.
Кание Вест наводно се обидува да ѝ помогне на неговата девојка Ким Кардашиан да се најде на насловната на американското издание на магазинот „Vogue“. Раперот практично ја молел главната уредничка Ана Винтур ова да се случи, меѓутоа без успех.
Винтур пред неколку месеци изјави дека не ја поднесува Ким и дека старлетата може да се најде на насловната на овој магазин само преку неа мртва. Од друга страна, уредничката на „Vogue“ смета дека Кание е феноменален, за разлика од неговата девојка, за која Ана смета дека е нешто најлошо од појавата на чорапите во комбинација со сандали.
Кардашиан и Винтур не разговараат од лани, откако првата жена на „Vogue“ не ѝ дозволи да присуствува на балот „Met Gala“ во Њујорк.