33-годишниот Нино Мбата и 32-годишниот Лунгисани Магубане од Јужна Африка се осудени на доживотен затвор за убиство и сакатење на 24-годишната Занел Хлачвајо. Како што признале осудените, тие ја силувале, убиле, па го исекле телото на жртвата која потоа ја јаделе. Главен мотив им било токму месото.
Судијата Питер Олсен го оцени случајот како „најгрозоморното убиство“ и „материјал од кошмарите“. Но исто така потсети и за извонредниот (не во пофална смисла) начин на кој биле „фатени“.
Имено, еден ден Мбата влегол во полициска станица и им соопштил на полицајците дека „му е здосадено од јадење човечко месо“. Овие не му поверувале и мислеле дека се работи за лице со ментални проблеми, но тогаш Мбата од торбата извадил човечка рака и нога. Потоа ги однел и во својот дом, каде полицијата нашла уште повеќе човечки делови, исто како и во ендекот во близина на неговата куќа, каде според него, тој и неговиот соучесник Магубане се ослободиле од телото на жртвата.
Неговото признание довело и до другите апсења. Првично биле уапсени седум лица, од кои еден се самоубил во притвор додека чекал судење. Против останатите не било поднесено обвинение поради немање докази. Локални жители, исто така, признале дека јаделе од месото со кое ги снабдувале двајцата обвинети.
Инаку, жртвата го исконтактирала Мбата бидејќи овој работел како „доктор“ по народна медицина. Дел од деловите од телото биле искористени и за правење на одредени „лекови“, бидејќи „така рекле претците, дека е потребна млада крв“.
За време на судењата во јужноафриканскиот град Есткорт, пред судот се собрала гневна толпа која протестирала против горозоморниот чин. И судењето и протестот се одвивал под будното око на вооружени стражари.
Инаку Јужна Африка нема закон и пропишана казна за канибализам, но има за сакатење на човечко тело и поседување на човечки делови. Секако, и за убиство.