Канелони

Италијанската кујна е една од најпопуларните кујни во светот, па ако во некое место постои ресторан со странски специјалитети, сигурно е италијански. За денеска одбравме канелони – автентичен италијански рецепт кој нема да ве остави рамнодушни.

Состојки:

За канелони

100г брашно
3 јајца
сол

За фил

Маслиново масло
200г мешано мелено месо
250г спанаќ
оригано
магдонос
3 јајца
2 лажици презла
сол
доматен сос
путер
рендан кашкавал

Подготовка

Од брашното, јајцата, солот и 1/8 вода измешајте тесто како за палачинки. Оставете го два часа, а потоа на врел зејтин во тавче испечете тенки палачинки. Меленото месо, магдоносот, спанаќот и зачините испржете ги на масло, оставете ги да се оладат, а потоа измешајте јајца, презла и доматен сос. Кога ќе се олади филот нанесете го врз секоја палачинка, свиткајте и ставете во огноотпорен сад за печење. Одозгора врз свитканите палачинки ставете путер и рендан кашкавал. Печете во рерна на 200 степени, 15 минути.

Добар апетит!

- Реклама -