Агна Вагнер живее во Миларвил, Канада, во луксузна куќа на имот вреден вкупно 1.7 милиони долари. Минатата година таа сериозно го повредила грбот, поради што тешко ѝ е да се движи по имотот. Затоа, Вагнер решила да го продаде.
Откако никој не се пријавил за огласената цена од 1.7 милиони долари, Вагнер ја намалила цената. Но повторно немало заинтересирани, па таа решила да биде креативна.
Одлучила да организира наградна игра во која наградата е токму куќата и имотот, а ќе ги добие оној што на Вагнер ќе ѝ напише најимагинативно писмо. За учество во играта, секој испраќач ќе треба да плати и 25 канадски долари. Крајната цел е Вагнер од писмата да ја собере посакуваната сума по која планирала да го продаде имотот, а притоа и да усреќи некој што навистина ќе ја заслужи куќата.
Од друга страна, 25 долари се прилично разумна уплата за можноста да добиете 1.7 милион долари, особено ако верувате во својата имагинација и пишувачки способности. Најдоброто е што, уверува Вагнер, победникот ќе биде избран само ако се собере почетната цена на куќата, а ако тоа не се случи, на сите учесници ќе им бидат вратени парите.
Писмото може да содржи максимум 350 знаци, а можете да се пријавите по и-мејл или пошта, со уплата од 25 долари, како што рековме. Натпреварот ќе трае до 5 април, со можност Вагнер да го продолжи за уште 3 месеци. 500 од писмата ќе влезат во финалето, а ќе ги оценува независно жири.
Учесниците мораат да имаат над 18 години, а дозволено е само едно писмо по домаќинство. Пријателите и членовите од потесното семејство на Вагнер немаат право на учество.
Направивме мала пресметка и излегува дека за да биде постигната сумата, Вагнер ќе треба да добие 68.000 писма. Шансите да победите меѓу 68.000 дефинитивно звучат подобри од шансите да добиете на лото. Се надеваме само дека Вагнер нема писмата да ги чита сама.
Повеќе инфо ТУКА, а сега да видиме што всушност е наградата (на крајот има и видео):