Македонија до февруари 2016 година ќе ја легализира марихуаната за медицински цели. Со тоа Македонија по по Чешка, Финска, Романија, Италија, Шпанија, Холандија, Франција, Австрија, Португалија, Германија, Велика Британија, Словенија и Хрватска, ќе стане 14-та држава во Европа која го легализираше канабисот.
Светот е поделен помеѓу оние кои се застапници за легализација на канабис во медицински цели и оние кои се противат на тоа.
Во Србија оваа тема сè уште е далеку од отворена, па Вајс реши да не освежи со еден брилијантен документарец околу канабисот и неговите лековите својства со живи примери.
Читателите за прв пат ќе имаат можност да видат како се произведува маслото од канабис. Катерина Петровиќ е однесена на сосема непозната локација каде еден човек се согласува пред камера да ја подготви оваа забранета супстанца.
Имајте предвид дека и корисниците на маслото од канабис се соочуваат со затворска казна до 3 години.
Во моментов се чекаат нови законски решенија, но постојат многу луѓе кои немаат време за чекање.
Да погледнеме!