Професионалните шминкери имаат проверени трикови со кои за кратко време ги прекриваат брчките со кратка масажа на лицето, нанесувајќи лесни подлоги и светликави гелови.
Постојат низа трикови кои професионалните шминкери ги практикуваат за да ги прекријат брчките на нивните клиенти во последен момент. Еве една од нив:
Пет минутна масажа за подобра циркулација
Со врвовите на прстите нежно штипкајте ја кожата под брадата и со лесни потези тргнете нагоре, кон ушите. Оваа кратка масажа на лицето ја стимулира работата на еластичните влакна кои произведуваат колаген, а без него нема здрав и младешки ген.
Две минути за камуфлирање на брчките
На целото лице или само на оние места каде забележувате знаци на брчки, нанесете лесна и хидратантна подлога за шминка која ќе ги прекрие.
Три минутно шминкање
После подлогата за шминка, нанесете на истакнатите делови на лицето, јаболчниците, челото, носот и брадата, крема или гел со светликави зрна, од кои ќе се одбијат зраците на светлина и на тој начин ќе ви ги прекријат брчките и сите недостатоци на лицето.