„The ExpendaBelles“ е можниот наслов за евентуална женска верзија на „Платеници“ за кој веќе е во тек подготовката на третото продолжение.
Иако веќе подолго време се спомнува можноста за женска верзија на франшизата, изгледа дека продуцентот Ави Лернер сега сериозно „загриза“ и најави дека тоа ќе биде „акционен филм кој нема да биде инфериорен на машките „Платеници“‘, ќе има многу акција и специјални ефекти“. Моментално се работи на сценариото како и на изборот на режисер, а протекоа и имињата на кандидатките за главните улоги.
Во потрага по женските пандани на Сталоне, Брус Вилис, Шварци и Мел Гибсон, Камерон Диаз се наметнува како логичен избор благодарение на улогата во „Чарлиевите Ангели“ па не е изненадувачко нејзиното поврзување со „Платеници“. Истото важи и за Мила Јовович, која се спомнуваше и како кандидатка за „Платеници 3“, но, можноста во филмот да се појави и името на Мерил Стрип е изненадување.
Во секој случај идејата е интересна и инспиративна, а меѓу имињата кои може да се поврзат со насловот а имаат искуство во акциони филмови се и Ума Турман („Kill Bill“), Жанг Зији („The Grandmaster“), Џенифер Лоренс („Игри на гладта“) и Скарлет Јохансон („Платеници“).