Колумна: Каменот што тежи и боли

Пишува Катерина Блажевска, за „Призма“

Го гледам бронзениот востаник на Мечкин Камен, како со години го носи на неговите плеќи оној голем и тежок камен. Го гледам извиен кон небото, небаре стои рамо да рамо со високата крушевска корија, нахранета од крв, коски, страдања и надеж. И секоја година на Илинден ме мачи истото прашање: Ќе издржи ли, а да не падне во искушение еднаш да го фрли тој камен од плеќите, да ни го струполи врз главите, додека не гледа така поделени, обележани со разни телесни и ментални тетоважи, псевдосимболи и вербални пелини.

Бидејќи ние му станавме потешки од тој камен. Бидејќи не знаеме што да правиме со слободата за која тие гинеле на ова место, каде наместо почит денес доминираат молотови коктели од омраза и верност кон еден простачки ритуал – како да се испогани празникот.

Ако продолжиме да ги каменуваме вредностите кои заслужуваат почит, мислам дека тој нема да издржи. Ќе го фрли каменот. Ќе го пушти да се тркала по ливадата, се додека не заврши во дупка соодветна на свеста со која секоја година се тестира нивото на срам што може да го поднесе празникот. Нема да нѐ смачка, бидејќи сами се смачкуваме. Само што уште никој не ја објавил таа вест. Единствено Блаже Конески предупреди на тоа во негова песна: „…Уште рика истата мака во мене/ дека сум роден во смачкано племе“… Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

- Реклама -