Дека живееме на една чудесна и разновидна планета доказ е овој „град“ од камени кули кои се издигнуваат во Западен Мадагаскар. Сè уште докрај неистражена, оваа Камена шума е дом на едни од најчудните животински видови на светот.
Дека живееме на една чудесна и разновидна планета доказ е овој „град“ од камени кули кои се издигнуваат во Западен Мадагаскар. Сè уште докрај неистражена, оваа Камена шума е дом на едни од најчудните животински видови на светот.
Лавиринтот од камења, кој го носи името Tsingy de Bemaraha и е национален парк и резервоар во Западен Мадагаскар, е сè уште до крај неоткриена мистерија. Овие камени кули се нарекуваат tsingy, што на јазикот на локалните жители значи „Таму каде никој не може да оди бос“, зошто теренот е крајно непристапен во поголемиот дел.
Оваа камена шума е дом на многу уникатни животински и растителни видови, како овој редок вид на лемури кои можат да се видат само во западен Мадагаскар и на ниедно друго место на светот.
Бестрашни акробати, овие лемури ги прескокнуваат амбисите длабоки стотици метри, а живеат на врвовите на камените структури каде безбедни од предаторите можат да го ловат својот плен.
Оваа локација е репрезентативна за целиот остров, има многу различни еко системи на едно место населени од многубројни различни видови. Оваа област е многу богата. Во неа има многу да се открива – тврдат нејзините истражувачи. Различни видови животни живеат на различни нивоа во вертикалниот еко систем. Пустинските животни живеат на повисоките делови, додека оние другите на пониските мрачни и влажни делови.
Биолозите тврдат дека ја допреле само површината во откривањето на животинскиот свет кој живее овде. Во овој регион можат да се најдат најголем број различни видови на лемури кои живеат на едно место. А тука е и живеалиштето на Сатанскиот гуштер за кој пишувавме порано.