Камала Харис и официјално има доволно гласови за да стане демократска кандидатка

Камала Харис сега е уверена дека ќе стане демократска кандидатка на претседателските избори во ноември, откако ја доби поддршката од повеќе од половина од делегатите во гласањето преку Интернет, соопшти партијата

Потпретседателката на САД Камала Харис, официјално го освои потребниот број делегатски гласови за да стане претседателски кандидат на Демократската партија и првата обоена жена на врвот на партиската листа, објави во петокот претседателот на Демократскиот национален комитет.

Номинацијата на Камала Харис се одржа преку виртуелно гласање.

Камала Харис сега е уверена дека ќе стане демократска кандидатка на претседателските избори во ноември, откако ја доби поддршката од повеќе од половина од делегатите во гласањето преку Интернет, соопшти партијата.

„Почестена сум што сум демократски кандидат за претседател на Соединетите држави“,

напиша таа во објава на социјалната мрежа Икс.

Харис официјално ќе ја прифати претседателската номинација на конвенцијата на демократите закажана за средината на август во Чикаго.

Тимот на кампањата на Харис објави дека во јули собрал донации од 310 милиони долари.

Јулискиот износ на демократите е повеќе од двојно повеќе од 138,7 милиони долари собрани од Доналд Трамп во истиот месец.

Со тоа Харис и Џо Бајден, актуелниот претседател кој се откажа од кандидатурата на ноемвриските избори, заедно собраа речиси милијарда долари донации, соборувајќи го рекордот за брзина на достигнување на таа сума.

- Реклама -