Какво време нѐ очекува во новата работна седмица?

Денеска е понеделник, 5 август 2024 година, 218-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 148 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 34 минути, а ќе зајде во 19 часот и 49 минути. Денов трае 14 часа и 15 минути.

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Tемпературата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 16 до 32 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во следните денови од новата работна седмица времето ќе биде сончево и топло со локална појава на облачност и со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Максималната дневна температура ќе се движи над 30 степени.

Извор