Во прислушуваните разговори од денешното судење за „Титаник“, Миле Јанакиески за време на локалните избори во 2013-та се јавува кај одговорните за вадење луѓе на гласање и ги прашува поединечно каква е излезноста за буквално секое избирачко место, пренесува СДК.мк.
Во еден од разговорите, Јанакиески му се јавува на сопартиец за да праша како оди гласањето.
„Те бараше и тој, ама ти не крена. Сега се тушира, ќе ти се јави“, му вели сопругата на сопартиецот на Миле.
„А бе какво туширање! Избори се, он се тушира!“, забележува Миле, а сопругата на бараниот се засмејува и вели: „Добро, добро“.
Повеќе прочитајте на порталот СДК.