Познатата актерка направила свој профил на Инстаграм и сите ги освои со првата објавена фотографија.
Атрактивната холивудска актерка Ева Мендез минатата ноќ се придружи на социјалната мрежа Инстаграм. Своето деби беше обележано со премногу симпатична слика од нејзиното детство, кое веднаш го вметнала популарниот #ThrowbackThursday, традиција на оваа социјална мрежа.
Малата Ева на сликата е прекрасно насмеана, носејќи целосно розева комбинација, марама на главата и кафеави каубојски чизми на нозете. Нејзината прва слика на Инстаграм малку изненадува бидејќи 41-годишната актерка е позната по своето строго чување на приватноста.
„Се придружувам на Инстаграм со цел да ве известувам за новитетите од својата модна линија за New York & Company. Мислев дека оваа слика е одличен избор за почеток. 38 години подоцна и понатаму цврсто верувам во враќање на марамата на коса“, напишала актерката во коментарот на сликата.
Актерката, која со колегата Рајан Гослинг има 6-месечна ќерка Есмералда, се уште никаде не дозволила да се објави фотографија од малото девојче, а светската јавност се надева дека тоа ќе биде токму на Инстаграм.