Облеката не го прави човекот, но првиот впечаток за некој го формираме токму по неговиот изглед и тоа што го носи. Облеката може да го открие нашиот статус, материјално богатство, а со помош на убави парчиња испраќаме порака за нашата личност и искуство. Еве што зборуваат малиот црн фустан, брошот, палтото…
Мал црн фустан
Иако со оваа боја испраќате порака дека сте тажни или во депресија, од друга страна, ако ја одберете во свечени прилики повеќето луѓе ќе добијат сосема поинаков впечаток. Црната е безвременска боја, а ако носите парчиња како на пример мал црн фустан или тесни здолништа оставате впечаток дека сте личност која знае што е убаво, но игра на сигурно и не сака да експериментира.
Боемски цветови
Ако облечете фустан со цветен принт или женствен фустан во боемски стил испраќате порака дека сте лежерни, дека имате слободен дух и дека се чувствувате добро во своја кожа.
Дама во црвено
Оваа боја ја носат луѓе кои немаат проблем со тоа да бидат забележани. Црвената магнетски привлекува луѓе, а во неа испраќате порака дека сакате да ве гледаат додека шетате.
Впечатлив брош
Овој мал моден детал покажува дека сте спремни да ризикувате и имате дива страна.
Син костим
Банките во нивните реклами често користат сино и тоа заради една добра причина. Многу модни советници препорачуваат сино ако одите на интервју за работа затоа што сината боја испраќа порака на смиреност и дека сте личност на која може да ѝ се верува. Испраќа порака и дека сакате да запознавате нови луѓе.
Палто
Палтото е моден императив за деловните кругови. Идеално парче за бизнис стајлинг. Сега жените го носат за да остават впечаток на професионалност и сериозност. Во некои дневни варијанти кога се комбинира со патики, фармерки или други додатоци може да кажат за вас дека се забавувате и дека сте опуштени.