Веројатно имате своја замисла за тоа како изгледа и звучи Интернет, и веројатно не е ни одблизу слична на вистинската.
Британскиот аудио-уметник, Мет Паркер, го посети дата-центарот на универзитетот Едгбастон во Бирмингем Сити, за да го сними она што може таму да се чуе и за да ни ги сруши илузиите за глобалната компјутерска мрежа. Според снимката, дата-центарот е многу бучно и екстремно неподносливо место, исполнето со „бела бучава“ (white noise) и зуење на илјадници хард-дискови. Ако внимателно слушате, ќе го чуете и дефектниот хард-драјв кој постојано титка за да ги извести инженерите за дефектот.
Стиснете на копчето „play“ ако сакате да слушнете што има Интернетот да каже: