Како ќе знаете кога некој ве лаже

Доколку го слушате вашиот соговорник внимателно, и ги следите неговите микроизрази на лицето, може да откриете дали ве лаже или ја зборува вистината.

Истражувањето на професорот Пол Екман (кој во серијата Lie to Me го глуми актерот Тим Рот) се обидува да ги декодира емоциите низ читање на брзите универзални микроизрази на лицата кај луѓето. Ако знаете да ги декодирате тие изрази, ќе може да сфатите која емоција се крие позади нив, а ако правилно сте ги разбрале емоциите, тогаш сте еден чекор поблизу до откривањето дали личноста на другата страна ве лаже или, пак, ја кажува вистината.

Проучувајте ги микроизразите

Микроизразите лесно се читаат, а страницата на Екман е полна со толкувања кои може да ги совладате за само неколку часа.

Говорот на телото е важен

Посебно внимание обратете на нозете. Стапалата раширени кон надвор може да значат дека личноста сака да избега, додека нозете кои се мирно спуштени сугерираат дека личноста сака да остане.

Слушајте внимателно

Она што луѓето го зборуваат и како тоа го кажуваат често открива многу.

Истражувајте, но верувајте им на инстинктите

Вашиот прв впечаток пред логичните заклучоци е драгоцен. Секогаш имајте на ум како сте се чувствувале кога прв пат сте набљудувале некоја ситуација. Дури и ако не се сложите со тоа чувство, сепак може да биде непроценлива информација.

Побарајте второ мислење

Логиката е ваш пријател. Често пати, заглавени во некоја ситуација, не гледате очигледни факти. Побарајте мислење од личност која не е засегната од случајот.

Одредете ги своите граници

Играчите на покер знаат дека никогаш не смеат да играат кога енергијата им е потрошена и кога се уморни. Исто така, најслабо набљудувате кога не сте одморени. Препознајте ги моментите кога немате повеќе концентрација и одлучете се да продолжите во некоја следна прилика.

Бидете бистри и концентрирани

Вежбајте редовно, правилно исхранувајте се и чувајте ги вашите меморија, фокус и концентрација.

- Реклама -