Како змиите ги загубиле нозете

фосилФосил стар 95 милиони години им помага на научници да разберат како змиите ги загубиле своите нозе преку еволуција. Фосилот бил најден во Либан и е еден од само три примероци на змии кај кои се зачувани коските од нозете. Една задна нога јасно се гледа но истражувачите морале да користат нова рентгенска техника за да ги проучат останатите скриени во каменот.

Тимот вели дека кај змијата се видливи почетоците на губењето на нозете. 3D сликите со голема резолуција наведуваат кон заклучок дека нозете кај овој вид, Eupodophis descouensi, растеле поспоро, или пократок период. До овој заклучок може да се дојде само откако ќе се анализираат и коските кои не се видливи на површината. Научниците исто така заклучиле дека иако суштеството имало скочни зглобови нема ни стапало ни прсти на нозете. „Оваа студија го открива степенот на регресија на нозете“ вели доктор Александра Хусај од Националниот Музеј на Природна Историја во Париз, Франција.
фосил„Ова не беше лесно за одредување само по видливата нога, бидејќи многу мали коски како оние од зглобот или стапалото би можеле да бидат оштетени или отстранети кога бил откриен фосилот. Но, бидејќи другата нога е зачувана во каменот, сега можеме речиси сигурно да го одредиме степенот на ресорпција на ногата“ додала доктор Хусај. Сегашните докази наведуваат кон тоа дека змиите почнале да еволуираат пред помалку од 150 милиони години. Во моментов постојат две теории. Едната посочува кон копнено потекло каде што гуштери почнале да копаат, и како што се адаптирале на подземен живот, нозете се намалиле а потоа целосно биле изгубени – прво предните нозе потоа задните. Втората теорија вели дека тие потекнуваат од водата, од морски рептили.
ногаОва ги прави малкуте познати фосили на змии со две нозе многу значајни, бидејќи тие можат да ги содржат доказите кои ќе ја решат оваа дебата. Но доктор Хусај вели дека фосилот на Eupodophis descouensi не може сам да одлучи во корист на едната или другата теорија. „Оваа студија не ни овозможува да избереме помеѓу двете хипотези, всушност можно е да не видиме вистински одговор во наредните 10 години. Затоа нашата улога во моментов е да собереме што е можно повеќе информации од неколкуте фосили кои ги имаме. Змии со задни нозе се клучни фосили во оваа дебата и затоа мораме детално да ги проучиме.“ [Studying how snakes got legless]

- Реклама -